Белград и Приштина имаат интензивни разговори кои ако вродат со плод може до крајот на неделата да резултираат со нова средба на премиерите на Косово и Србија Хашим Тачи и Ивица Дачиќ за да го формализираат договорот.
– Во тек е таканаречена шатл дипломатија. Време има уште малку, но и двете страни сфаќаат дека е потребен договор. Клучните денови се до крајот на неделата, вели владин извор за српскиот портал Курир.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ вчера соопштил дека имал телефонски разговор со високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон во кој и рекол дека „српскиот народ на Косово сака да знае кој го чува, кој му суди и која чизма го гази“. Тој рекол дека Србија е подготвена за продолжување на преговорите со Приштина, но засега нема нови моменти за евентуало продолжување на дијалогот.
Советникот на косовскиот премиер, Беким Чолаку вчера рекол дека очекува претставниците на Белград и Приштина повторно да се сретнат до крајот на неделата. Според него, високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон е свесна дека договорот е близу и дека нема да дозволи сето тоа да пропадне.
Поради тоа таа наскоро ќе свика состанок, сигурно до крајот на неделата, рекол Чолаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


