| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Франција е во војна

Франција не е ангажирана во војна против цивилизациите, бидејќи убијците од Исламската држава, немаат никаква цивилизација, изјави Франсоа Оланд пред Конгресот во Версај. Тој повеќе сака да зборува за „војна против џихадистичкиот тероризам“.

oland1

Шефот на француската држава на вонреден Конгрес во Версај на кој се состанаа двата домови на францускиот Парламент, ги образложи акциите кои планира да ги преземе како на внатрешен, така и на надворешен план. Говорот на Франсоа Оланд која траеше 40 минути заврши со спонтано изведување на Марсејезата од страна на француските пратеници.

Оланд пред пратениците изјави дека ќе побара од Советот на безбедност на ОН да се состане набрзо за да донесе резолуција за борба против тероризмот.

– Ќе се сретнам со Обама и Путин во наредните денови за да ги обединиме нашите сили, рече францускиот претседател, кој се досега ја критикуваше руската интервенција во Сирија.

– Свесен сум дека ние ќе треба да ги зголемиме уште средствата: ако ние сме во војна, ние не можеме да бидеме со средствата кои ги имавме пред неколку години, рече Оланд, најавувајќи создавање на дополнителни 5.000 места во полицијата и жандармеријата, со што нивниот број ќе достигне на новосоздадени 10.000 работни места за пет години на неговиот мандат. Овие места се однесуваат посебно на граничната полиција и општото обезбедување на земјата.

Исто така тој најави дека нема да има намалување на воените ефективи до крајот на 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top