МВР потврди дека мајка си го фрлила својот шестгодишен син од балкон на четврти кат во зграда во Хиподром. Според полицијата, утрово во 9 часот и 5 минути добиле пријава дека мајка се заканува дека ќе се фрли од балкон заедно со својот син, роден 2009 година. Детето го држела в раце. На местото веднаш пристигнала полиција и екипа на брза помош. Во 9.30 минути мајката го фрлила синот. Полицијата и пожарникарите се обиделе да го ублажат падот. Во 10 часот и 20 минути се фрлила и мајката.
Според МВР мајката и детето се префрлени на Ургентен центар, во Клиничкиот центар во Скопје. Двајцата се во животна опасност.
Претходно беше објавено дека жената цело време извикувала: „Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“. Повеќе на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.