Официјален Вашингтон не дозволува трампа на територии меѓу Косово и Србија бидејќи стравува оти тоа ќе доведе до војна во Македонија, изјави српскиот премиер Дачиќ за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Запрашан во разговорот дали Белград и Приштина во принцип би можеле да се договорот за размена на теротории, северот на Косово за југот на Србија, Дачиќ одговори потврдно.
„Мислам дека Србите и Албанците со леснотија ќе се договорат за размена на територии. Но тоа за Вашингтон е неприфатливо. Таму сметаат дека тоа ќе доведе до војна во Македонија“, изјави Дачиќ за „ФАЦ“.
Но српскиот премиер смета дека оценката на САД е погрешна. „Зошто Македонија би била загрозена од такво решение? Најголемата закана за Македонија ја изгради самата македонска влада со прекршувањето на законот и унилатералното признавање на независноста на Косово. Што ќе прават сега тие, доколку мнозински албанските делови во Македонија прогласат независност? Јас тоа не го посакувам. Јас посакувам стабилна Македонија со добри односи со Србија. Исто така се надевам дека ќе создадеме добри односи со албанскиот народ, и конечно да му ставиме крај на историскиот српско-албански конфликт“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ во интервјуто за “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба