Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртоосомничен во аферата „Пуч“ и денеска не се појави на судското рочиште, по што судијката која го води предметот, Љубинка Башевска, нареди полицијата да го спроведе во судот Заев за следното рочиште.
Адвокатот на Заев, Филип Медарски, тврдеше дека тој денеска не се појавил во судот поради меѓународни активности на СДСМ, за што како доказ приложил копија од електронски авио билет, со кој Заев денеска патува од Скопје, преку Барселона, па се до Палма де Мајорка како крајна дестинација.
Одбраната на Заев пак, изјави дека нема потреба од стажарно приведување, бидејќи претседателот на СДСМ ќе се појави пред судот кога случајот ќе го преземе специјалното обвинителство.
Во аферата „Пуч” за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери обвинети се поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга, Зоран Заев, службеник во општина Струмица и вработен во МВР.
Следното судско рочиште е презакажано за 2 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.