| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Им благодарам за одличното деби, најважно е што фудбалерите ја вратија самодовербата

Македонија оствари убедлив триумф во пријателскиот натпревар против Црна Гора од 4-1, на арената „Филип Втори“. На овој натпревар дебитираше новиот селектор Игор Ангеловски кој им се заблагодари на фудбалерите за одличната и ефективна игра во првиот натпревар на клупата на Македонската репрезентација.

– Сакам да им честитам на фудбалерите. Тие ми вратија за довербата на најдобар можен начин. Јас верував во нив, им благодарам што ми овозможија вакво деби. Ова е голем триумф, пред се за кревање на нивната самодоверба. Сега треба сите ние многу повеќе да веруваме во селекцијата. Сепак, е ова еден пријателски натпревар, одличен почеток, но ќе треба уште многу напорно да работиме и да се подготвуваме за следниот квалификациски циклус. Во првите 30 минути игравме во грч, а потоа како да се ослободивме. Им благодарам на сите кои дојдоа, можеби разочаравме дел од тие што не дојдоа, но ќе се бориме да ги вратиме на трибините со вакви игри – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top