| четврток, 6 декември 2018 |

Успешно деби на новиот селектор Ангеловски, Македонија ја декласира Црна Гора со 4-1

По пауза од 13 месеци, Македонската фудбалска репрезентација успеа да победи и тоа во пријателски натпревар со Црна Гора на Арената „Филип Втори“ со 4-1.
Ова беше деби за новиот селектор Игор Ангеловски кој и во претходните неколку денови најави дека Македонија редно време е да почне да победува и да се избори да излезе од резултатското сивило. Тоа и се случи креирајќи го составот со тројца напаѓачи.

makedonija 3

Македонија даде четири гола, што е двојно повеќе од вкупниот број на голови за цела година. Вечерва Црногорците беа шокирани со хет-трик на Александар Трајковски и еден на капитенот Ванче Шиков и тоа е наша втора победа во третиот меѓусебен меч.
Стартот на натпреварот не ветуваше многу, но нашата репрезентација имаше блага иницијатива се до 35 минута кога започна голеадата. За само пет минути успеа да постигне дури три гола. Капитенот Шиков го отвори резултатот, а по само три минути Александар Трајковски успешано реализираше пенал, откако Агим Ибраими лесно го надмудри својот чувар и изнуди најстрога казна. Напаѓачот на Палермо во 40.минута го постигна својот втор гол и зголеми на убедливи 3-0, откако одлично беше проигран од Иван Тричковски од левата страна.

makedonija 5

Во вториот дел, Македонија продолжи со головите, а Трајковски стигна до својот прв хет – трик во националниот тим. Во 64.минута, по асистенција на нововлезениот Несторовски излезе сам пред Полексиќ и рутински го матираше. Со тоа влезе во друштвото на Бошко Ѓуровски, Артим Шаќири, Дејви Главевски.

makedonija 1

Во самата завршница, во 89.минута, ѕвездата на Интер, Стеван Јоветиќ постигна почесен погодок за Црногорците, со удар од повеќе од 20 метри.
По се изгледа најавите за офанзивен фудбал во националниот дрес се остваруваат иако ова е само прв натпревар во подготовките за квалификациите за Светското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top