Во галеријата „Мерикон – aрт-рум“ во Виена денеска ќе биде отворена „Фемина 8“ – групна изложба на осум македонски уметници. Изложбата е проект на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ, финансиски поддржана од Министерството за култура на РМ, под кураторство на Јана Манева-Чупоска.
Покрај Манева-Чупоска, учествуваат и Наташа Милованчев, Ирена Паскали, Гордана Вренцоска, Дијана Томиќ, Микица Трујкановиќ, Маја Кировска и Илиана Петрушевска. Изложбата „Фемина 8“ во јули годинава, во рамки на Скопско лето беше преставена во Културно-информативниот центар во Скопје, а по Виена „Фемина 8“ ќе биде изложена во Белград, Нови Сад, Подгорица и во Загреб.
Приклучувајќи се кон современите уметнички тенденции, осумте „Фемини“ на оваа изложба со своите уметнички творби се насочија кон различните форми на презентација преку традиционалните поставки со слики, колажи, цртежи, асемблажи, инсталации, редимејд, видеа. Во ваков контекст, се судираат специфичните ликовни комуникации во еден формат каде што доминира една „Фемина“, но со иманента променливост, пушува кураторот Јана Манева-Чупоска во текстот за изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.