| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сте интуитивни или аналитични? Овој тест го открива вашиот начин на размислување

Тестот има точни и неточни одговори, но тие упатуваат на тоа каков е вашиот стил на размислување, а не интелигенцијата.
Young woman gesturing with cloud and charts concept

 

Решете ги овие три прашања и спознајте го својот ум.

Без оглед на интелигенцијата на поединците, сите луѓе можеме да ги поделиме во две групи, со оглед на тоа што начинот на нивното размислување може да биде или воден од логичка анализа, или од интуиција.

Брзината на донесување на заклучоци, како и одбирањето на одговори на следните прашања ќе открие во кој тип спаѓате. Одговорите запишете ги на лист хартија, и на крајот проверете ги вашите одговори.

1. Пенкало и тетратка чинат 10 евра и 10 центи заедно. Тетратката е за 10 евра поскапа од пенкалото. Колку чини пенкалото?

15 центи
5 центи
10 центи
13 центи

2. Ако на пет машини им требаат пет минути за да изработат пет чекани, колку време им треба на 100 машини да направат 100 чекани?

100 минути
4 минути
3 минути
5 минути

3. Шумата ја уништува болест која ги убива дрвјата. Таа се шири така што секој ден уништеното подрачје двојно се зголемува. Ако болеста за 30 дена ја уништила целата шума, колку дена требале за болеста да уништи половина шума?

26 дена
29 дена
15 дена
22 дена

Точни одговори

1. 5 центи, тетратката чини 10 евра и 5 центи
2. 5 минути
3. 29 дена

Решение на квизот

Ако сте одговориле две или три прашања точно, вашиот стил на размислување е аналитички. Пред одговарање, застанувате и размислувате додека не дојдете до заклучок. Луѓето со ваков стил на размислување почесто се запишуваат на факултет, поретко мамат на тестови и се помалку религиозни.

Ако сте дале еден или нула точни одговори, тогаш вашиот стил на размислување е интуитивен. Тоа значи дека сте паднале на замка и веројатно сте одговориле 10 центи, 100 минути и 15 дена. Заклучоците ги носите врз основа на тоа што вам ви се чини во ред, т.е. имате тенденција „срцето да ви владее со главата“. Исто така, веројатно сте брзоплети и нетрпеливи во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top