Најмрачната жена во светот на модата и шоуто, Викторија Бекам, конечно се насмевна. И тоа не со било каква полунасмевка, туку вистински и тоа од радост.
Пош неочекувано се смееше за време на презентацијата и доделувањето на наградата за „Жена на годината“. Наградата и беше врачена од сопствениот син, Бруклин Бекам.
Оние кои ја следат кариерата на Викторија Бекам, знаат дека таа ретко го менува сериозниот израз на лицето, кој во текот на годините некако стана нејзина заштитен знак.
Сепак, дури и студената Викторија не остана рамнодушна при примањето на наградата „Glamour“, награда за „Fashion Force“ . Наградата и беше врачена на настанот кој се случуваше во Менхетен, од најстариот син, Бруклин Бекам,.
– Се гордеам со тебе и се радувам што сум тука вечерва. Те сакам!, беа зборовите кои извика насмеаното лице на Викторија.
Поранешната пејачка одржа краток говор, во кој се заблагодари за наградата и за честа што и е укажана.
– Почнав со „Spice Girls“ и со женската сила. Ако јас можам да го направам тоа, секој може, рече Викторија и додаде дека нејзините колекции облека се направени со цел да им овозможат на жените да се чувствуваат неверојатно во сопствената кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.