| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната Спајс-девојка прошета со вакви нозе: Тоа воопшто не е „ПОШ“…

Таа изгледа фантастично, неодамна се породи на 44 години, но постои нешто на што не обрнала внимание и тоа на сите им паѓа в очи.

Гери Халивел (45) прошета низ Лондон со својата ќерка Блубел која ја доби во првиот брак. Тие две беа на шопинг, и тоа ни помалку ни повеќе, туку купуваа нов автомобил.

Но, она што го привлече вниманието на фотографот не беше нејзиниот нов „Рено“ автомобил, туку нејзините нозе.

Гери во последно време ретко кога носи куси панталони, но овој пат направи исклучок. За жал.

И тоа очигледно била лоша идеја, бидејќи глетката не била воопшто убава. Единствено што се гледа на нејзините нозе е целулитот.

Иако во минатото како членка на женскиот бенд „Spice girls”, Гери беше икона на сексипилот, денеска таа не изгледа ни приближно занесно. Се чини дека пејачката почнала да ги пропушта тренинзите по пордувањето.

Таа оваа година, во бракот со Кристијан Хорнер доби син, па можеме да претпоставиме дека пејачката сериозно почнала да ги пропушта тренинзите. Што би рекла на ова поранешната колешка Викторија Бекам? Претпоставувате сигурно: „Гери право на тренинг!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top