| четврток, 6 декември 2018 |

Ни кралицата не може да му одолее: Елизабета се „стопи“ пред Бекам

Во Бакингемската палата синоќа се одржа прием и доделување на награди на најдобрите во програмата на Кралицата за млади лидери.

Во свеченоста учествувале кралицата Елизабета, Меган Маркл и принцот Хари, како и бројни славни личности како Дејвид Бекам.

Колкава ѕвезда е Бекам докажува фактот дека тој е редовен гостин на сите кралски настани. Овојпат кралицата му врачи признане на кое може да биде посебно горд.

И овојпат прославениот фудбалер изгледал совршено елегантно.

Тегет одело, кравата на точки и задоволна насмевка се добитна комбинација.

Кралицата скоро како и секогаш на лицето имала насмевка за добредојде, посебно кога го здогледала фудбалерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top