| четврток, 6 декември 2018 |

Mесечно заработува милион евра-тој е најбогат пензионер во светот

Иако легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам одамна е пензиониран, сепак добро заработува. Според анализата на англискиот The Sun, тој месечно заработува повеќе од голем дел од актуелните фудбалери.

Дејвид Бекам е еден од најпрепознатливите спортисти во светот, и насекаде го сметаат како икона на фудбалот. Покрај тоа, тој ужива многу симпатии од спонзорите.

Познатиот Англичанец заработува околу 40.000 евра дневно, што значи дека месечно тој инкасира близу еден милион евра месечно.

Бекам е заштитно лице на многу светски брендови, меѓу кои вискито Haig Club, H&M и Adidas, кои заеднички го прават еден од најплатените пензионирани спортисти.

Меѓутоа, според британските медиуми, поголемиот дел од сумата оди во исплаќање на долговите од пропаднатата компанија на неговата жена Викторија, која е во долг од околу 8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top