| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Јоргос Папандреу пишува книга за фамилијата Папандреу

Мајката на поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, Маргарет пишува книга за нејзината семејна лоза, која остави силен белег врз грчката политика во периодот по Втората светска војна, објави атинскиот весник „Та Неа“.

Во книгата авторката опишува како се запознала со татко му на Јоргос Папандреу, Андреас Папандреу, кој, исто така, е поранешен грчки премиер, за неговите односи со семејството, за здравствените проблеми, за заткулисните политчки игри и за клучните моменти во неговата кариера.

Основач на „династијата“ е таткото на Андреас, Јоргос Папандреу (1888-1968), кој бил премиер на Грција три пати, од 1944 до 1945 година, во текот на 1963 и од 1964 до 1965 година, како и министер во повеќе грчки влади. Неговиот „наследник“ Андреас Папандреу (1918-1996) е основач на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК) во 1974 година и бил премиер на Грција од 1981 до 1989 и од 1993 до 1996 година. Третиот во наследната линија Папандреу е Јоргос „Џорџ“ Папандреу, кој беше премер на Грција од 2009 до 2011 година.

Маргарет Чант се омажила за Андреас Папандреу во 1951 години и со него има четири деца. Овој втор брак на Андреас, по првиот со Кристина Расија од 1941 до 1951, траел до 1989 година, по што тој се жени со 37 години помладата Димитра Љани, со која останува до крајот на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top