Изложбата „Современа словенечка фотографија” во организација на Фото сојуз на Македонија ќе биде отворена во четврток (12.11.2015 година) со почеток во 20 часот во Чифте амам. На отвoрањето на изложбата ке се обратат фотографите Боро Рудиќ и Александар Кондев.
Фото Сојуз на Македонија со задоволство ги информира љубителите на фотографијата од Скопје и Македонија дека Изложбата – Современа Словенечка фотографија, којa е во рамките на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија” ке биде отворена во Националната галерија на Македонија – Чифте Амам во Скопје, во четврток со почеток во 20 часот.
Со оваа изложба, на македонската фотографска јавност, ќе се представат 38 словенечки фотографи, со 60 фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.