| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Симона Манчева во Музеј на Град Скопје

На 12 ноември (четврток) во 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори самостојна изложба на Симона Манчева насловена Секси шоп

Сексусалните играчки се предмети и помагала кои луѓето ги користат во сексот – кога се сами, со еден или повеќе партнери. Иако сексуалните играчки и помагала во современото живеење се толку многу употребувани што дури постои и цела индустрија за нивно производство и дистрибуција, во голем дел од земјите во светот тие се уште се табу тема, па дури и забранети за продажба и употреба во некои конзервативни средини.

Ова е најверојатно поради фактот дека користењето сексуални играчки е еден вид алтернативна сексуалност, односно сексуалност која не е природна и во која освен луѓето се вклучени и предмети. Секако алтернативна е за конзервативно воспитаните и луѓе што одлучуваат да се држат цврсто до одредени религиски и филозофски доктрини кои го забрануваат користењето на сексуални помагала.

За што служат секс играчките? Тие се предмети и помагала кои се користат за сексуално задоволување, и спротивно од мислењето дека ги користат најчесто жените за самозадоволување, постојат секс играчки за сите видови секс – мастурбација, стрејт секс помеѓу двајца или повеќе партнери, геј секс помеѓу двајца или повеќе партнери, групен секс и садо/мазо секс.

Генерално луѓето се доста срамежливи кога се во прашање секс играчките и секс шоповите, поради предрасудите во општеството и средината во која живеат, па не само што се оградуваат од користење, туку и се срамат да влезат во секс шоп. Ова е поради фактот дека луѓето кои се отворени за својата сексуалност и начинот на кои ја манифестираат, се уште во голем дел се стигматизираат како перверзни, недолични, лоши, распуштени и некултурни. Секако доколку во една средина луѓето почнат отворено да разговараат за сексуалните играчки и помагала, ќе можат да се срушат одредени стереотипи во однесувањето спрема алтернативните облици на сексуалност и секако спрема луѓето кои тоа го практикуваат.

Проектот Секс Шоп претставува замислување на една ваква ситуација во која публиката која доаѓа во галерија има можност да види дел од колекција на најчесто користени секс играчки и притоа да се натера да размислува за прашањата посочени претходно. Овој проеркт е обид да се реконтекстуализираат секс играчките како предмети од современото живеење со тоа што ќе се изложат во уметничка институција, односно во една понеутрална средина во која луѓето полесно ќе се ослободат од срамот и неугодноста што се манифестираат при посета на секс шоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top