Центарот за култура во Крива Паланка денеска во 19 часот ќе се одржи промоција на последната книга од Александра Велинова – Како ги заработив првите пари.
Книгата е дел од градските и училишните библиотеки во Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Охрид, Битола, Прилеп, Кочани, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Македоснка Каменица. По промоцијата во библиотеката во Велес во рамки на „Велес –град на култура“, следуваше промоција во библиотеките во Виница и Крушево. Поради големиот интерес како од страна на помладите така и од страна на повозрасните книгата после пет месеци има и второ издание.
-Вистинско уживање и освежување за нашиот културен простор – се искрените признанија и анегдоти на уметниците, креативците, спортистите, интелектуалците, политичарите, дипломатите. Енергијата на нивните дискурси – е фасцинантна, потполна и освојувачка, а синергијата на харизмите е – сочна, неповторлива и незаборавна! Наслада – е тоа е оваа книга, вели во рецензијата проф. д-р Кристина Николова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.