Словенија ќе почне да издигнува ограда по границата со Хрватска за да се соочи со емиграцискиот бран, изјави денеска премиерот Миро Церар.
Тој нагласи дека Владата донела одлука за технички мерки вклучително и ограда со бодликава жица бидејќи обидите на ЕУ да се соочи со бегалскиот бран во Грција се неуспешни.
– Границата ќе остане отворена, но набљудувања. Не сакаме да ја затвориме границата. Сакаме само контролиран бегалски премин со цел да се спречи хуманитарна катастрофа- прецизира Церар.
Преку 170.000 мигранти и бегалци од Блискиот Исток, Азија и од Африка влегоа во Словенија од средината на октомври кога Унгарија ја затвори јужната граница со Хрватска и бранот бегалци беше пренасочен кон Словенија. Се очекува во следните неколку дена во Словенија да пристигнат околу 30.000 нови мигранти и бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



