Премиерот на Србија во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ оценува дека Белград и Приштина со леснотија можат да се согласат за размена на територии, односно да се разменат северниот дел на Косово за општините на југот на Србија кои претежно се населени со албанско население.
– Но, тоа не е прифатливо за Вашингтон. Таму сметаат дека тоа би можело да доведе до нова војна во Македонија – рекол Дачиќ во интервјуто.
Дачиќ вели дека тој не се согласува со мислењето на Американците дека размената на територии ќе доведе до војна во Македонија и прашува зошто Македонија би била загрозена со такво решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба