| четврток, 6 декември 2018 |

Шундовски: Ако згрешам нека изгорам

Личност на неделата

Звонко Шундовски
Да­тум на ра­ѓа­ње:
7 сеп­тем­ври 1967 го­ди­на
Про­фе­си­ја: се­ле­ктор на ма­шка­та се­ни­ор­ска ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја
Обра­зо­ва­ние: Фа­кул­тет за фи­зич­ка кул­ту­ра во Скоп­је

„Тре­ба да се шут­ни и да се клај гол“. Да де, си­те го зна­е­ме тоа. Ама ко­га се­ле­ктор го ка­жу­ва тоа и ко­га оди во етер, а си­те пред те­ле­ви­зо­ри­те се­ди­ме и се нер­ви­ра­ме де­ка гу­би ма­ке­дон­ска­та ма­шка ре­пре­зен­та­ци­ја од ко­ја оче­ку­ва­ме мно­гу на Свет­ско­то пр­венс­тво (СП) во Шпа­ни­ја што е во тек, то­гаш на­ста­ну­ва ха­ос, по­себ­но на со­ци­јал­ни­те мре­жи.

Не­ма ѕвез­да чо­ве­кот, тоа е. И нај­до­бар да е на свет, пак не­ма да чи­ни. Не е су­е­тен тол­ку кол­ку што мис­ли јав­но­ста, кол­ку што на мо­мен­ти е не­си­гу­рен. И то­гаш пра­ви гре­шки. Ама има го­ле­ма ма­на – се­ко­гаш мис­ли де­ка но­ви­на­ри­те се про­тив не­го. А, не е та­ка. Си­те се на ед­на стра­на, по­себ­но ко­га из­ве­сту­ва­ат од го­ле­ми нат­пре­ва­ри, ама тој во нив гле­да про­тив­ни­ци со кои не мо­же да из­ле­зе на крај. Па за­тоа се под­на­лу­ти и по ме­чот со Ка­тар не се по­ја­ви на за­дол­жи­тел­на­та кон­фе­рен­ци­ја за пе­чат, ту­ку го ис­пра­ти сво­јот по­мош­ник и тоа со поз­драв: ќе до­а­ѓал на сред­ба со но­ви­на­ри­те са­мо ко­га Ма­ке­до­ни­ја ќе за­гу­бе­ла! И се по­ја­ви на след­на­та кон­фе­рен­ци­ја, но оста­на не­јас­но да­ли дој­де по­ра­ди по­ра­зот од Ис­ланд или по­ра­ди опо­ме­на­та од Ин­тер­на­ци­о­нал­на­та ра­ко­мет­на фе­де­ра­ци­ја (ИХФ) би­деј­ќи кон­фе­рен­ци­и­те за пе­чат се за­дол­жи­тел­ни, по се­кој меч.

sundoski-5И по­крај си­те кри­ти­ки, тој зад се­бе ги има нај­го­ле­ми­те ус­пе­си во ма­ке­дон­ски­от спорт. Ла­ни, на Европ­ско­то пр­венс­тво (ЕП) во Ср­би­ја го освои пет­то­то ме­сто, прет­ход­но, ка­ко по­мош­ник на то­гаш­ни­от се­ле­ктор Иле Те­мел­ков­ски на СП во Хр­ват­ска 2009 го­ди­на се пла­си­ра­ше на 11. по­зи­ци­ја. Мо­мент­но е тре­нер на ро­ман­ска Кон­стан­ца, ко­ја на­ста­пу­ва во пре­стиж­на­та Ли­га на шам­пи­о­ни (ЛШ).

Отка­ко ја за­вр­ши играч­ка­та ка­ри­е­ра, ко­ја му бе­ше мош­не ус­пеш­на, Шун­дов­ски вед­наш зап­ли­ва во тре­нер­ски­те во­ди. И има­ше од­ли­чен по­че­ток. Поч­на ка­ко тре­нер во не­го­ви­от ма­ти­чен клуб Пе­ли­стер и во се­зо­на­та 2002/2003 го­ди­на освои двој­на кру­на во ма­ке­дон­ско­то пр­венс­тво осво­ју­вај­ќи ги ти­ту­ли­те во до­маш­но­то пр­венс­тво и во на­ци­о­нал­ни­от куп. Таа се­зо­на за Пе­ли­стер, ко­га Три­фун Ко­стов­ски бе­ше спон­зор, бе­ше пос­лед­на ус­пеш­на. От­то­гаш има­ше не­кол­ку оби­ди Пе­ли­стер да се вра­ти на ста­ри­те па­те­ки, ама без­ус­пеш­но. Од 2006 го­ди­на бе­ше наз­на­чен за се­ле­ктор на мла­дин­ска­та ра­ко­мет­на ма­шка ре­пре­зен­та­ци­ја, а бе­ше дел од струч­ни­от штаб за вре­ме на ју­ни­ор­ско­то СП на кое Ма­ке­до­ни­ја бе­ше до­ма­ќин во 2007 го­ди­на. Од таа ге­не­ра­ци­ја мла­ди ра­ко­ме­та­ри де­нес во на­ци­о­нал­ни­от тим се бра­ќа­та Вел­ко и Ни­ко­ла Мар­ков­ски, пи­во­тот Сто­јан­че Сто­и­лов, кри­ло­то Го­це Ој­лев­ски, гол­ма­нот Ни­ко­ла Ми­трев­ски.

Тој бе­ше тре­нер на скоп­ски­от клуб Ме­та­лург во се­зо­на­та 2008/2009 го­ди­на, кој има­ше од­ли­чен на­стап во ЛШ таа се­зо­на. То­гаш сѐ уште се игра­ше по ста­ри­от си­стем и Ме­та­лург поч­на уште од ква­ли­фи­ка­ци­и­те и стиг­на до че­твр­тфи­на­ле во Ку­пот на на­ци­о­нал­ни­те куп-по­бед­ни­ци (КПК). До­то­гаш тоа бе­ше нај­ус­пеш­на се­зо­на за ти­мот од Авто­ко­ман­да, кој до­пр­ва се етаб­ли­ра­ше во вр­вот на европ­ски­от ра­ко­мет, а со не­го и Шун­дов­ски.

Це­на­та му по­рас­на со осво­ју­ва­ње на 11. ме­сто на мун­ди­ја­лот во Хр­ват­ска, ка­де што му бе­ше по­мош­ник на Те­мел­ков­ски. Во спорт­ски­те кру­го­ви сѐ уште се пре­ра­ска­жу­ва епи­зо­да­та ко­га не­ко­ја од зем­ји­те од арап­ски­от свет го по­ба­ра­ла ма­ке­дон­ски­от се­ле­ктор за тре­нер во не­кој клуб. Шун­дов­ски, на­вод­но, ги ис­пра­тил си­те по­треб­ни до­ку­мен­ти и ко­га до­шол да пре­го­ва­ра за су­ма­та, го вра­ти­ле со об­јас­ну­ва­ње де­ка тие го по­ба­ра­ле „тој со му­ста­ќи­те“ (Иле Те­мел­ков­ски, з.а.).

Иа­ко му е вен­ча­лен кум на ле­ген­да­та на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет, 40-го­диш­ни­от Стев­чо Алу­шов­ски, тој ре­ши да не го по­ви­ка за мун­ди­ја­лот што е во тек во Шпа­ни­ја. Ку­ма­ши­нот, кој и по­крај го­ди­ни­те сѐ уште ва­жи за ед­но од нај­до­бри­те ле­ви кри­ла во Ма­ке­до­ни­ја, не фр­ла­ше дрв­ја и ка­ме­ња по не­го, ту­ку са­мо из­ја­ви де­ка спи­со­кот не е де­ло на Шун­дов­ски.

По не­ус­пе­хот во Ге­те­борг, Швед­ска, ко­га ра­ко­мет­на­та ре­пре­зен­та­ци­ја не из­бо­ри плас­ман на Лет­ни­те олим­пи­ски игри (ЛОИ) во Лон­дон ми­на­то­то ле­то, мно­гу бе­ше акту­е­лен ѕи­дот на Шун­дов­ски на „Фејс­бук“.

Ре­че и:

  • Тре­ба­ше да ја за­др­жи­ме топ­ка­та – из­ја­ви по ме­чот со Дан­ска на ЕП во Ср­би­ја
  • Од утре ќе игра­ме ка­ко што зна­е­ме – ка­ко до се­га ра­ко­ме­та­ри­те да не зна­е­ле да игра­ат
  • Нај­важ­но е да ви­ди­ме кол­ку бо­да ќе пре­не­се­ме во след­на­та фа­за од нат­пре­ва­ру­ва­ње­то, од тоа ќе за­ви­си на­ши­от плас­ман на шам­пи­о­на­тот – из­ја­ви Шун­дов­ски пред по­че­то­кот на СП. Ар­но ама, на овој мун­ди­јал не се пре­не­су­ва­ат бо­до­ви и не се игра вто­ра фа­за, ту­ку вед­наш се оди на си­стем на ели­ми­на­ции
  • Ра­бо­там ка­ко да ќе би­дам се­ле­ктор уште де­сет го­ди­ни – из­ја­ви отка­ко од спи­со­кот за СП ги из­бри­ша Стев­чо Алу­шов­ски и Пе­тре Ан­ге­лов
  • Држиме до крај, напаѓаме да дадеме гол, а кога ќе се вратиме назад не примаме гол

Ко­мен­та­ри на „Фејс­бук“:

  • Да се пи­кет ле­во и пос­ле укр­шта­ње да се пра­вит, ак не мојт кун та­му да се дајт на клец­ка­ње гол­ма­но
  •  И ко ќе пој­те на­пре ако имат шан­са да се шут­нит од­ма да се шут­нит, ако мојт, мојт, ак не, да се до­дајт не­ко­му на Ма­не­то ил на Те­мел­ко, по­шо овај Алу­шо не е пој­ќе со на­ми, ден за­бо­ра­вај­те
  • Но­те­сот на се­ле­кто­рот Шун­дов­ски. Та­кти­ка за Ис­лан: Кла­вај­те го­лој! (пој­ќе од ни­ми) Шун­до (Бет­мен ве­лит)
  • Ако згре­шам не­ка из­го­рам
  • Не ста­вам се­ко­гаш фла­стер, а ко­га ста­вам, тоа е на играч што ве­ќе ни дал над 10 го­ла
  • Не ба­рам се­ко­гаш тај­ма­ут, а ко­га ба­рам тоа е на 20 се­кун­ди пред крај, ко­га гу­би­ме со пет раз­ли­ка
  • Не ме­њам че­сто по­зи­ции, а ко­га ме­њам ста­вам од­бран­бен играч на кри­ло
  • Не ба­рам се­ко­гаш тај­ма­ут, а ко­га ба­рам, збо­ри Ла­за­ров (блог „Но­во вре­ме“)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top