| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово изложба на слики од меѓународна ликовна колонија „Карпино“

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ е отворена изложбата на слики од 13-тата меѓународна ликовна колонија „Карпино“…

Кумановци имаат можност да проследат 30-тина дела изработени од петнаесет уметници од повеќе држави, Македонија, Србија, Украина, БиХ и Бугарија кои учествуваа на оваа традиционална колонија,чиј организатор е здружението на граѓани Мултимедијален Центар Карпино. Делата се работени во класична и комбинирана техника.

– Уметниците твореа осум дена во населбата Карпош,како и последните четири години. Радува најавата на кумановско-осоговската епархија,дека полека ќе заживува и Карпинскиот манастир„-изјави, Зоран Павловски, претседател на здружението.

Уметничкиот директор на колонијата, Мирослав Величковски, изјави дека уметниците имале можност да соработуваат и разменат искуства.

– Ова меѓународна ликовна колонија овозможи сплотување на различни култури од кои произлегоa овие дела, изјави Величковски.

Делата, од ликовната колонија ќе имаат можност да ги проследат и љубителите на ликовната уметност од повеќе градови од државата.

Отворањето на ликовната изложба е дел од програмата за одбележување на Денот на ослободување на Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top