| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на Министерот за внатрешни работи на Романија

gabriel-oprea

Романскиот министер за внатрешни работи, Габриел Опреа, поднесе оставка, пренесоа агенциите.

Причина се протестите по повод трагедијата во музичкиот клуб во Букурешт, ноќта на 30 наспроти 31 октомври 2015 година, во која загинаа 46 лица. Претходно и поранешниот премиер Виктор Понта се повлече од функцијата.
Опреа, сепак, остана во владата на Сорин Кампјану, како вицепремиер задолжен за национална безбедност.
Денес тој поднесе оставка, а неговите ресори ќе бидат преземени од привремениот премиер на Романија.

Со името на Опреа се поврзуваат уште два скандала.
Првиот е по повод смртта на полицаец, а вториот е поради плагијат. Тој е обвинет за транскрипција на трудови на свои потчинети во својата докторска дисертација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top