| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ наместо со осуда за сторителите, со осуда за Тодоров

poicija okolu urgenten 1 (Custom)

Нападите кои опозицијата ги прави врз докторите и ги злоупотребува несреќните случаеви, кои неретко воопшто не се поради лекарска грешка, а се јавуваат во секое здравство, придонесува за револтот на луѓето врз здравството  и нетрпеливост кон докторската професија. За секој поедин случај се критикуваат докторите – било да е донесено мртво новороденче, или се работи за некоја родилка што си го оставила бебето во тоалет, за предоцна донесен пациент.

Во случајот не се бара причината за нападот, се бара оставка од министерот. СДСМ излезе веднаш со реакција и со груба политизација на целиот случај при што веднаш го обвини министерот за здравство Никола Тодоров, а го амнестираше сторителот на инцидентот.  Побараа одговорност, иако не понудија ниту еден аргумент.

Актерот Тони Михајловски на својот фејсбук профил ја искоментира информацијата дека најверојато пациентка починала од стрес за време на пукањето:

И сега? Роднините на починатата пациентка треба да го убијат убиецот? Ајде сите да ја земеме правдата и пресудата во свои раце, па кој преживее нека раскажува..

-Да бидеме искрени и да констатираме дека ова што се случи денес, делумно е резултат и на континуираната негативна кампања кон докторите и здравствениот систем која ја води СДСМ и медиумите финансирани од СОРОС, а со единствена цел  да се предизвика чувство на недоверба и нетрпеливост кон доктроската професија и здравствениот систем во целост. Во нашето здравство работат илјадници лица кои макотрпно и себевложувачки работат и помагаат на многу пациенти. Здравствениот систем и вработените во него не смеат да бидат паричка за поткусурување на политичките партии. Тоа е неодговорно – коментира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ воопшто не запраша кои се сторителите и зошто се појавил револт кај нив. Веднаш немилиот настан го свртеа за политички цели, политички поени, без притоа да ги осуди сторителите. Во тој контекст е и реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

Бараме да престане инструираната политичка и медиумска хајка која неколку месеци по ред се води од страна на СДСМ и соросовите медиуми против медицинскиот персонал и здравствените установи, бидејќи на тој начин се генерализира и девелвира работата на здравствените работници. СДСМ и нивните медиуми треба да бидат свесни дека нивната црна кампања може да доведе до немили настани како денешниот.

Богдан Илиевски, познатиот твитерџија се осврна и на барањата на луѓето и негодувањата за „неслободната“ посета на пациентите, наспроти сегашниот револт за лош систем и барање оставки:

Сакаш да влезеш ненајавен на клинички? Сакаш без претреси? Сакаш без лични карти оставање? Сакаш да одиш на посета ван предвидено време? Сакаш да имаш пристап до сите ќошиња на клиниките? Сакаш да се шеташ ко да си дома? Сакаш. И после ко ќе влезит командос со пиштол незадоволен бидејќи го снашла трагедија, а тој ценит дека е лекарска грешка и дека то требит да бидит казнето со куршум – системот бил крив. Некој пробал да убијат доктор, пошо починала мајка му на операцијја – системот бил крив и Тодоров требало да го запалиме.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top