| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Тања Балаќ во Љубљана

Денеска, во 19 часот, во „Мала црна галерија“ во Љубљана, Словенија ќе се отвори изложбата на дела од најновиот циклус „Другост“ на реномираната ликовна авторка Тања Балаќ.

Балаќ е долгогодишен носител на функцијата претседател на ДЛУМ. Таа пред љубљанската публика ќе се претстави со сосема нов и различен приод, каде што експериментира со фотографија како медиум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top