„Праисториските дами од Македонија“, познатата археолошка поставка на Музејот на Македонија, по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, ќе биде отворена вечерва во
Уметничката галерија во Куманово.
Изложбата, всушност, се состои од праисториските теракотни фигурини со претстава на жена, наречени „дами“, откриени на територијата на Македонија. Сите фигурини се рачно изработени и уникатни. Автор на изложбата е Ирена Колиштркоска-Настева.
Колекцијата претставува збир на артефакти од музејските институции во Македонија кои хронолошки припаѓаат на периодот на неолитот и енеолитот, од шестиот до средината на третиот милениум пред нашата ера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Модна ревија во Музеј на Македонија „Made in Macedonia: Почетоци и еволуција“
-
Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“