| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба и концерт на „Скопско лето“

Во ликовниот салон на ДЛУМ вечерва ќе биде отворена изложбата „Дверите на Јовица”. Станува збор за дела изработени во резба од  Јовица Стојковски. Стојковски е роден во Скопје, 1970 година.Цртежот, рељефот и формата го интересираат уште од најрана возраст. Toj се сеќава на својата прва групна училишна посета на црквата Свети Спас во Скопје кон крајот на ’70 години и силниот впечаток кој врз него го оставил иконостасот изработен во резба. Имено, уште тогаш визуелниот контакт не му бил доволен, туку морал да го допре дрвото и под своите прсти да го почуствува рељефот. Особина која ја практикува и денес. Оваа љубов кон дрвото излегла од неговиот духовен свет во 1991 година кога почнува да работи резба, сам имајќи ги пред себе само делата на старите копаничари. Неговито непознавање од оваа област биле толкави што тој како материјал користел бор, а работел со длета кои сам ги изработил.

994538D7F3A4FC4C87B1632DA78620C1

Во рамките на „Скопско лето“, вечерва во Сули-ан“ ќе има концерт „Гоце Стевковски септет“: Гоце Стевковски – тапани, Трајче Велков – труба, Кире Кузманов – алт саксофон, Иван Иванов – тенор саксофон, Оливер Јосифовски – контрабас, Дамир Имери – клавијатури
Сашко Николовски – тромбон.
Гоце Стевковски, низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, Леб и сол, Архангел, Ласт експедишн, Проект жлуст, ДНО, Коџабашија, Фолтин, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, Шаревски Квартет, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван „Гоце Стевковски Септет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top