| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Никола Иванов-Балтон“ ќе се додели со гласови од публиката

ДЛУМ

Од оваа година Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе ја доделува новата награда за учесниците на ревијалната Годишна изложба „Никола Иванов-Балтон“, именувана по неодамна починатиот сликар, кого членовите го паметат како драг пријател и колега, чие име велат дека ќе остане симбол на ДЛУМ. Најавеното активното гласање за наградата на публиката и љубителите на уметноста на отворањето на Годишната изложба е во тек и ќе трае до средината на март, додека изложбата не биде затворена, кога наградата и ќе биде објавена.

-Публиката покажува голем интерес, гласа за наградата преку „Фејсбук“, преку мејл- адреса и директно во канцеларијата на ДЛУМ, во Домот на АРМ која е отворена секој ден. И при посета на изложбата поставена во Музејот на град Скопје и во Галеријата на ДЛУМ може да се добие информации за гласањето. Ова е прво вакво гласање во ДЛУМ, а покажаниот интерес е очекуван со оглед дека Никола Иванов-Балтон беше непосреден, харизматичен човек кој оставаше траги во комуникацијата со луѓето, вели претседателката на ДЛУМ, Тања Балаќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top