Македонскиот кандидат за оскар на Американската академија за филмови од неанглиско говорно подрачје, филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, во исто време е на повеќе меѓународни филмски фестивали.
По премиерата на Скопскиот филмски фестивал и презентацијата на филмските маркети во Берлин и Кан, „Медена ноќ“ деновиве се прикажува на три меѓународни филмски фестивали во Германија, Холандија и Грција.
На почетокот на ноември, филмот се претстави на американскиот филмски маркет во Лос Анџелес како македонски кандидат за „Оскар“. Во октомври филмот беше прикажан и во Виена.
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Националниот фонд за кинематографија на Република Чешка и претставува копродукција помеѓу Македонија, Чешка и Словенија, со учество на Македонската радио телевизија и Радио телевизија Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.