„Медена ноќ” на Иво Трајков, годинашниот македонски кандидат за Оскар, во ноември ќе игра на најголемиот филмски настан во регионот Филмскиот фестивал во Солун.
Филмот на Трајков ќе игра во Балкански преглед, една од паралелните фестивалски програми, покрај уште 11 филмови од Балканот. Меѓу нив, покрај „Медена ноќ”, има дури национални 5 кандидати за Оскар за најдобар странски филм – босанскиот „Нашиот секојдневен живот”, косовскиот „Татко”, хрватскиот „Звиздан”, турскиот „Мустанг” и романскиот „Аферим!”.
“Медена ноќ”, инспириран од расказот “Уво” на чешкиот автор Јан Прохаска, според кој е снимен и филм во 1969, е политички трилер за брачната заедница на политичар што се распаѓа во текот на една ноќ, во која очекува дека ќе биде уапсен.
Во филмот играат Верица Недеска и Никола Ристаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.