| четврток, 6 декември 2018 |

„Медена ноќ“ на редовен репертоар во „Милениум“

medena nokj
По премиерното прикажување на отворањето на овогодинешниот Скопски филмски фестивал и одличните критики од публиката, најновиот филм на режисерот Иво Трајков, „Медена Ноќ“, од сабота, 25 април во терминот од 20 часот, ќе се прикажува на редовниот репертоар на кино „Милениум“.
Филмот, кој е инспириран од новелата „Уво“ на големиот Јан Прохаска, говори за еден министер кој е инволвиран во скандал со финансиски малверзации при приватизација на државен имот. И иако „Уво“ е напишана во средината на 60-тите години од минатиот век, темата на филмот е безвременски актуелна и прилично болно отсликува некои состојби во нашето општество.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска и Никола Ристановски, филмот е во режија на Иво Трајков, а продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски од „Кавал филм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top