| четврток, 6 декември 2018 |

Диета од која килограмите летаат како луди

Fat woman trying to put on her tight jeans

За оние кои внимаваат што јадат јапонската диета е идеална. Оние кои ја испробале тврдат дека за две недели на овој режим на исхрана може да загубите до 7 килограми. На почетокот е малку тешко да се навикнете, но резултатот е битен. Покрај придржување до правилата, практикувајте лесна получасовна прошетка секој ден и пијте доста вода, особено кога ќе почувствувате глад.

 

Прв ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домат без сол
Вечера: риба на скара или варена

Втор ден
Појадок: црно кафе, парче црн леб
Ручек: риба на скара или варена, салата од зеленчук или зелка со растително масло
Вечера: 200 г варено говедско месо, чаша јогурт

Трет ден
Појадок: црно кафе, двопек (од црн леб)
Ручек: голема печена тиквица, јаболки
Вечера: 2 тврдо варени јајца, 200 г варено говедско месо, салата од свежа зелка со растително масло

Четврти ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 1 ровко јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 грама тврдо сирење
Вечера: овошје

Петти ден
Појадок: Свеж морков со сок од лимон
Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол
Вечера: овошје

Шести ден
Појадок: црно кафе
Ручек: половина варено пиле, салата од варена зелка или морков со растително масло
Вечера: 2 варени јајца, салата од зеленчук

Седми ден
Појадок: чај без шеќер
Ручек: 200 г варено говедско месо, овошје
Вечера: изберете вечера од било кој ден освен третиот

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top