Додека некои жени, порано совети барале од своите мајки и свекрви, денес за сите важни прашања во врска со детето се консултираат со интернет, па таму пронаоѓаат утеха и искуство од другите мајки.
Новопечените мајки често користат интернет, покажува една студија на британската компанија „Cussons Mum“, испитувајќи повеќе од 2.000 жени.
Најголем дел од мајките велат дека одговорите кои ги наоѓаат на „гугл“ ги едуцираат и смируваат.
Прашања кои често се поставуваат се:
Како детето повеќе да спие?
Како да се исчисти носот на бебето кога е настинато?
Како да се олеснат проблемите кога излегуваат забите?
Зошто бебето плаче?
Колку млеко му е доволно?
Дали осипот од пелени е нормален?
Колку долго бебето треба да спие?
Кога и како да се одвикне бебето од пелени?
Кога децата почнуваат да зборуваат?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.