Пасошите на Велика Британија и САД се најмоќи на светот, затоа што нивните сопственици без виза можат да посетат 147 земји во светот.
„Паспорт индекс“ во соработка со „Статиста“ и оваа година состави листа на најмоќни пасоши на светот на основа на тоа колку земји нивните сопственици можат да посетат без виза. Македонскиот пасош се најде на 33-то место, а со него може да се посетат 101 земја, без да ни биде потребна виза.
Првото место го поделија пасошите на Велика Британија и САД со 147 земји, кои гарантираат пристап, а на второто место се пасошите на Германија, Јужна Кореја и Франција (145 земји).
Најамлаку се исплати да поседувате пасош од Бурма, Јужен Судан и Соломонските острови, затоа што на сопствениците им овозможуваат да патуваат само во 28 земји во светот.
Листа на 10 најмоќни пасоши на светот:
- Велика Британија 147 земји
- Германија, Франција, Јужна Кореја 145 земји
- Италија, Шведска 144 земји
- Данска, Финска, Холандија, Луксембург, Јапонија, Сингапур 143 земји
- Швајцарија, Канада 142 земји
- Унгарија, Шпанија, Португалија, Ирска, Белгија, Норвешка 141 земји
- Грција, Австрија, Малезија, 140 земји
- Нов Зеланд 139 земји
- Чешка, Кипар, Австралија 138 земји
- Полска, Словачка 137 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.