Германската јавност е шокирана од информацијата дека од државниот буџет на име пензии земјата сеуште плаќа по околу 70 илјади евра секоја година на семејствата на шпанските доброволци кои што се бореле за нацистичка Германија на источниот фронт во втората светска војна.
Исплатата на пензиите започнала во 1962 година кога тогашна Западна Германија склучила договор со диктаторот Франциско Франко со кој, неговите приврзаници кои заминале да се борат против Црвената Армија добивале пензија од Германија. Германските политичари сега не можат да објаснат како е можно 70 години по поразот на нацизмот земјата да исплаќа пари на нацистичките соработници од Шпанија кои биле дел од таканаречената „Кондор легија“. Во моментов пензија се исплаќа на 41 доброволец, на 8 вдовици и на еден наследник на доброволец кој останал без двајца родители.
Срамната информација прв ја објави баскискиот весник „Гара“ а во врска со тоа пратеникот на германската левица Андреј Хунко побара одговорност од владата на ангела Меркел нарекувајќи ги информациите скандал и срам за Германија.
Во текот на втората светска војна Германија и Шпанија беа сојузници а за време на граѓанската војна во Шпанија (1936 – 39) воената помош од нацистичка Германија беше главната причина за победата на шпанските фашисти против силите на левицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.