За најпознатата хрватска ѕвезда, Северина Вучковиќ, речиси и да знаеме се. Со отворање на профили на сите социјални мрежи стана уште полесно да ги дознаеме деталите од секојдневието на пејачката.
Од друга страна за семејството на популарната пејачка која наскоро ќе стапи во брак со Игор Којиќ, речиси и да нема информации.
Северина е родена во работничко семејство, завршила само основно училиште, а уште од тинејџерските денови покажувала интерес за естрадата.
Таа има две постари сестри. Една од нив е Маријана Вучковиќ Поповиќ која веќе долго време живее и работи во Белград.
Пред четири години Маријана се најде во центарот на медиумско внимание во Хрватска, поради спорно земјиште во Сплит, околу кое „водеше војна“ со познатиот хрватски играч и тренер Игор Штимац.
Маријана е дипломиран новинар, мажена и многу силно врзана за Александар, синот на Северина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Mедицинска сестра ги убила своите деца, па се самоубила
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!