| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина повредени при експлозија во фабрика во Романија

Најмалку шестмина работници се повредени синоќа при експлозија во фабрика за производство на леб во романскиот град Брашов, јави ТАСС.

romfactory

Како што соопшти портпаролот на Градската управа за вонредни состојби, Киприан Сфержа, петмина од повредените работници се здобиле со изгореници и се пренесени во болница во свесна состојба.

Шестиот работник, кој бил отфрлен од ударниот бран ан експлозијата, се здобил со посериозно повреди. – Тој е жив, но во бесознание е пренесен во болница, додаде Сфержа.

Причините за експлозијата, по која во фабриката избувнал и пожар, засега не се познати. Од силината на експлозијата дел од објектот на фабриката е разурнат.

Фабриката се наоѓа во близина на градскиот фудбалски стадион, каде во моментот на експлозијата се играл натпревар од Втората романска фудбалска лига, меѓу локалниот клуб Брашов и ЦСМ Рамнику.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top