| четврток, 6 декември 2018 |

Ретроспективна изложба на Александар Кондев

Националната галерија на Македонија (НГМ) вчера организираше ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев во Чифте амам..

Националната галерија соопшти дека фотографско творештво на Александар Кондев (1950) е нераскинливо сврзано со пробивите на современата фотографска мисла кај нас и дека тој денес е безмалу единствениот претставник на генерацијата македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во 1970-тите и 1980-тите внесоа поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност.

7A7CA66B1C63F845A3B16411DE5B8B39

– Неговото безмалу педесетгодишно присуство во македонската фотографија едновремено е и важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас, а неговото фотографско творештво се вбројува меѓу највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес, соопшти организаторот на изложбата.

Куратор на проектот е Златко Теодосиевски.

Изложбата ќе биде поставена до 22 ноември 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top