| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивна исповед на вдовицата на Робин Вилијамс за последни месеци од неговиот живот

439210_robin-vilijams1-rojters_f

Сузан Шнајдер во емотивно интервју открива како изгледала последната година од животот на нејзиниот покоен сопруг, легендарниот холивудски актер Робин Вилијамс.

Таа открива дека нивниот живот целосно се променил откако во ноември 2013 година Робин почнал да покажува први симптоми на Паркинсова болест. Помалку од година подоцна, на 11 август 2014 година, Робин Вилијамс се обеси, а Сузан верува дека си го одзел животот затоа што веќе не можел да се бори со болеста која го опфатила неговото тело и ум. Станувало збор за посебен вид на деменција која се поврзува со Паркинсова болест.

Сузан се присетува на инцидентот што се случил на 24 јули додека таа се туширала, а Вилијамс стоел крај лавабото. Вели дека излегла од тушот да види што прави нејзиниот сопруг.

– Нешто не делуваше како што треба. Ја отворив вратата и видов крв. Неговиот пешкир беше натоен во крв. Вреснав и прашав што се случи. Тој ја покажа враата. Прашав дали удрил со глава, а тој климна, раскажува Сузан.

Таа вели дека тогаш била збунета за сето тоа што се случило, но дека сега се има смисла.

– Откако цела година се обидував да откријам што го уби маж ми, сега знам се за деменцијата со Леви тела. Знам дека болеста влијае на видот, на способноста да се препознаат објекти. Сега, се разбирам. Знам дека не удрил намерно со главата во вратата. Знам дека бил лут на себе и дека му било доста од се, вели Сузан.

Последниот месец од животот на Вилијамс бил многу тежок за него.

– Има многу причини, многу работи се случуваа во неговата глава што го натерале на тој чин. Сепак, воопшто не го обвинувам.

Таа рекла дека Вилијамс никогаш пред тоа не споменувал дека размислува да се убие. Актерот истовремено се борел и со депресија и со анксиозност.

– Кога ќе излезевме на вечера, луѓето го гледаа, а тој поради тоа се паничеше. Тогаш морав да му објаснам дека го гледаат затоа што е славниот Робин Вилијамс.

Сузан се присетува и на стравичниот момент кога дознала дека нејзиниот сопруг починал. Тоа утро отишла на работа и го замолила неговиот асистент да ја побара кога ќе се разбуди Робин.

– Цело време се прашував зошто се уште не ми се јави. А тогаш неговиот асистент ми испрати порака и напиша дека Робин се уште не се разбудил, и ме прашуваше што да прави. Тогаш сфатив дека нешто не е во ред.

Сузан веднаш седнала во автомобилот и во текот на тие  20 минути  колку што возела до дома, постојано го изговарала неговото име.

-Само сакав да го видам мојот сопруг. Успееав да го видам.. и да се помолам за него. Успеав да му кажам дека му простувам и дека е најхрабриот човек на светот.

Сузан го дала интервјуто за емисијата Добро утро Америка а нејзината емотивна исповед ќе продолжи и следната недела кога ќе зборува за судирот што го имала со неговите деца од првиот брак по смртта на Робин.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top