Кога Робин Вилијамс изврши самоубиство во август 2014 година целиот свет беше изненаден. Тој беше еден од најдуховитите луѓе на светот. Публиката врескаше од смеење секогаш кога тој ќе се појавеше во некоја емисија или на филм.
Сега, две години по смртта на Вилијамс неговата вдовица, Сузан Шнајдер раскажа за детали од последните месеци од животот на актерот како и причините поради кои тој се самоуби.
Шнајдер и Вилијамс беа во брак од 2011 година, а Сузан објаснува дека во почетокот му била дијагностицирана Паркинсонова болест.
Но, подоцна се покажало дека тој боледува од еден облик на деменција (Леви болест), која често погрешно се толкува.
Оваа болест не е невообичаена, скоро 1,5 милиони Американци ја имаа. Но, проблемот е што погрешно се дијагностицира. Често на пациентите им се дијагностицира Алцхајмерова болест или пак Паркинсонова.
– Тој го губеше размумот и беше свесен за тоа. Може да замислите каква болка чувстувал бидејќи знаел дека ментално се распаѓа – вели сопругата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите