| четврток, 6 декември 2018 |

Вдовицата на Робин Вилијамс ја откри вистинската причина поради која актерот изврши самоубиство(видео)

Причината за самоубиството на познатиот комичар не била депресијата, како што се шпекулираше.

robin-vilijams-zena-deca-sukob-foto-ap-1440119143-723627

Сузан Вилијамс, вдовицата на Робин Вилијамс кој изврши самоубиство, решила да ги открие вистинските причини поради кои актерот крена рака врз себе.

Според нејзините  зборови Вилијамс боледувал од невообичаено  заболување на мозокот наречено Леви боди деменција.

По самоубиството на познатиот актер, се шпекулираше дека причината била депресијата, но според зборовите на Сузан тоа е само последица од болеста од која боледувал нејзиниот сопруг.

439210_robin-vilijams1-rojters_f

Таа состојба која во случајот на Робин Вилијамс ја потврдила и аутопсијата  е мошне тешко да се дијагностицира, а ја одбележува силен пад на менталните способности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top