| четврток, 6 декември 2018 |

Ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев во Чифте-амам

Националната галерија на Македонија организира ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев, која ќе биде отворена вечер во Чифте-амам.

kondev-aleksandar

Фотографското творештво на Александар Кондев (1950) е нераскинливо сврзано со пробивите на современата фотографска мисла кај нас и тој денес е безмалку единствениот претставник на генерацијата македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија и кои во 1970-тите и 1980-тите внесоа поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност.

– Неговото безмалку педесетгодишно присуство во македонската фотографија едновремено е и важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас, а неговото фотографско творештво се вбројува меѓу највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес – соопшти организаторот на изложбата.

Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22 ноември 2015.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top