Турците најверојатно на референдум ќе гласаат, дали претседателот на земјата да добие повеќе надлежности, пишува локалниот весник „Хуриет“.
Денес портпаролот на шефот на државата Реџеп Ердоган, Ибрахим Калин, навести дека прашањето за проширувањето на власта на претседателот, не може да се решава без волјата на населението на земјата.
– Токму поради тоа во Анкара се размислува за опцијата да се одржи референдум за привилегиите на претседателот, рече Калин.
Тој нагласи дека референдумот нема да биде врзан со судбината на Ердоган.
– Нашиот претседател е силен лидер и тој влезе во историјата, изјави портпаролот на шефот на државата.
Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) се подготвуваше да изврши промени во Уставот пред изборите на 7 јуни.
Таа сепак не доби доволно места во парламентот, за да состави коалициска влада. Поради тоа Турците отидоа на предвремените парламентарни избори на 1 ноември.
АКП има 316 пратеници во 550 члениот Меџлис и може да состави влада без учество на други политички сили.
Партијата на Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу, сепак не располага со потребните гласови за промените во основниот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.