| четврток, 6 декември 2018 |

Брза јапонска диета, за десет дена се губат десет килограми

Во основа на брзата јапонска диета со која за десет дена може да се изгубат и до десет килограми се три состојки: оризот, киселите краставички и лукот.

Овој режим на исхрана дава одлични резултати, а диетата се препорачува да се практикува само еднаш во шест месеци.

Секој ден сварете 500 г ориз.

Кога оризот ќе се свари, додајте му една кисела краставичка, ситно исечкана.

Ова јадење консумирајте го секојпат кога сте гладни, распоредете го на повеќе оброци, но тајната е следна: јадете споро, а секој залак џвакајте го околу 20 пати.

Во оризот можете да додадете и лук, најмногу две чешниња дневно.

Покрај вака приготвениот ориз, можете да јадете и салата од свеж зеленчук зачинета со маслиново масло, лимонов сок или јаболкова киселина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top