Најрадикалната идеолошка организација на грчката надворешна политика која во голема мера ги одредува и влијае врз тврдите позиции на грчката држава отворено навива за СДСМ и го посакува за партнер во преговорите за името. Членови на оваа организација се најрадикалните грчки историчари кои се познати по своите антимакедонски ставови и отвореното негирање на македонската историја и нација.
За потсетување Танос Докос од Елиамеп вчера јасно изјави дека Груевски нема да го смени името, СДСМ е пофлексибилна и посакуван партнер за Грција. Тој во изјавува, Грчката перцепција е дека премиерот Груевски не е многу флексибилен, тој ја отфрла целата грчка преговарачка позиција за сложено име кое што ќе го вклучува терминот Македонија, со додавка Горна, Северна, Нова, што и да е, која што ќе се користи за сите употреби. За разлика од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ во Грција се портретира како политичка опција која што би била пофлекисибилен соговорник за грчката страна.
ЕЛИАМЕП- организација на грчки мочни политичари, професори и кретори на негаторската политика спрема Македонија, отворено на страната на СДСМ
Освен Докос, Потпретседател на ЕЛИАМЕП е Танос Веремис професор по политичка историја на универзитетот во Атина. Автор е на делата Балканот, созадавање и распаѓање на државите, ја има пишувано биографијата на грчкиот националиситчки лидер Елефтериос Венизелос, има пишувано за грчката историја по 1821 та година., Инаку Танос е познат по своите националистички настапи во кој неретко го опфажа и спорот за името.
Освен тоа Танос јавно изјавува дека СДСМ е посакувана страна за Грција, за разлика од Груевски.
Танос во интервју за грчки медиум пред неколку години јасно и директно ги искажува антимакедонските ставови. Тој изјавува”постои бугарска Македонија, постои грчка Македонија, постои и самонаречена Славо Македонија. Но не може да постои Република Македонија. Може да биде Северна Македонија, нова Македонија. Сакам да видам директни разговори помеѓу Атина и Скопје, но додека Груевски не даде знак дека е подготвен за таква работа нема ништо, споредено со Црвенковски на пример кој беше многу пофлексибилен”.
Како специјален советник на ЕЛИАМЕП е грчкиот историчар Евангелос Кофос кој важи за еден од најекстремните грчки интелектуалци, кој со децении наназад се обидува да го скрие македонското постоење пред светот и да го прикаже како вештачки создадено, измислено и како креатура на социјалистичката власт во Југославија после Втората светска војна. Кофос е идеолошкиот столб на создавањето на проблемот со Грција.
Кофос и Докос се дел од соросовата мрежа
Грчките историчари Кофос и Докос во 2010та година беа во посета на Мкаедонија и дел од симулацијата на преговори која во Охрид ја организираше А1 телевизија со отворена поддршка на соросовите новинари меѓу кој главен лик беше Борјан Јовановски. Тогаш Кофос и Докос ја убедуваа јавноста дека македкса нација не постои и дека владата треба да попушти во преговорите за името.
Инаку почесен член на организацијата ЕЛИАМЕП е и Никифорор Диамандурос кој е неколкупати избран за обдусман. За потсетување Грција е позната како една од најпроблематичните држави кога станува збор за почитување на правата на малцинствата и како држава која не ги почитува и пресудите од меѓународниот суд за човекови права во Стразбур а кој се во полза на Виножито и македонското малцинство присутно во Грција.
Лукас Цукалис фигурира претседател на здружението и редовен колумнист на грчкиот весник Катимерини кој често пренесува антимакедонски грчки ставови.
Освен историчари и политичари во Елиамеп членуваат и високи функционери на грчките безбедносни служби.
Во Бордот на организацијата е Палос Апостолидис поранешен директор на грчката национална разузнувачка агенција во периодот од 1999 до 2004та година. Тој претходно има и дипломатско искуство и работел во најкритичните подрачја за грчката надворешна политика, имено во дипломатската мисија во Анкара, во Кипар, и краток период во Саудиска Арабија, тој бил и државен секретар во министерството за надворешни работи и ја водел грчката надворешна политика.
Исто така во бордот на директори е и Елефтериос Оикономои кој е поранешен шеф на грчката полиција поранеен министер за граѓанска заштита во грчката влада.
Познато е дека дневниот весник Дневник објави афера за Зоран Заев кој во повеќе наврати пеш ја минувал границата со Грција и Бугарија и тоа во периоди кои се совпаѓаат со важни политички настани во земјава Неговите посети, како што пишува весникот, не траеле подолго од 24 часа, а чудно е зошто лидерот кој се вози во автомобил од 80 илјади евра пешки ја поминува македонско грчката граница и со кого се среќава во Грција. Заев ја посетил Грција во октомври и тоа во ист ден кога се случува новата рунда преговори меѓу медијаторот Нимиц и преговарачите во Њујорк. Во средината на декември Заев ја посетил Грција, а три дена подоцна ЕУ донесе заклучок со кој Македонија не добива датум за отпочнување на преговорите. Дали станува збор за коинциденција или пак опозицискиот лидер отишол во Грција со конкретна цел, остана непознато со кого се среќавал и кој е толку моќен од грчката држава што може да обезбеди таков премин на Заев.
Сдсм не одговори дали по ваквите минувања и веројатните средби со грчки претставници се оствариле извесни договарања. Но факт е дека во неколку наврати, отворено и јасно Елиамеп и останати видни грчки политичари нескриено истакнуваат дека СДСМ е посакуваната страна за разговори околу името и грчки фаворит за постигнување за решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.