Експлозивната расхерметизација на салонот на авионот можела да се случи поради тоа што трупот пукнал од наглиот пад на притисокот на голема висина.
А на тој начин трупот можеле да го оштетат исто така ударниот бран на бомбата која експлодирала во делот со багажот. Откинатите делови на моторот или пукотини од замор на материјалот во носечките конструкции. Експертите изведоа три верзии на падот на рускиот авион A321 во Египед.
Според сознанијата на весникот „Комерсант“ веќе на 1 ноември експертите дошле до заклучок дека авионот на компанијата„Kogalimavia“ се распаднал на делови уште во воздухот. Според нив до тоа можеле да доведат неколку причини.
Експлозивната расхерметизација на салонот можела да се случи поради тоа што трупот на авионот пукнал од наглиот пад на притисокот на голема висина. Трупот можеле да го оштетат исто така ударниот бран на бомбата кога експлодирала во делот со багажот, откинатите делови на моторот или пукотините од заморот на материјалот во носечките конструкции.
Изворот на „Kомрсант“, кој е близок на истрагата ја спореди несреќата со падот на американскиот Боинг кај шкотскиот град Локерби во 1988 година. Тогаш во авионот експлодираше мала бомба сокриена во куфер.
Тој објаснува дека експлозијата во делот на багажот може да предизвика таква експлозивна расхерметизација на салонот поради наглиот пад на притисокот.
Втората верзија е пукнатината во конструкцијата на авионот. Во 2001 година, A321 при слетувањето на аеродромот во Каиро удрил во пистата со опашката од авионот. Авионот го преконтролираа техничките служби, а потоа бил повторно вратен во употреба.
Третата можна причина е дефект на моторот. Според експертите, во случајот на експлозија на турбината, нејзините лопатки можеа да го пробијат крилото и трупот.
Спасувачките екипи открија на лице место на падот на рускиот авион Airbus A321 во Египед, 12 големи делови од трупот, им рекол на новинарите во понеделникот претставник од министерството за вонредни ситуации на Руската федерација Александар Агафонов.
-Од 06.30 нашите 84 соработници стигнаа со теренски возила и се фатија за работа. Во овој миг пронајдени се 12 делови од трупот и лични работи. Се разгледува можноста да се испратат личните предмети во Каиро, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.