Во Музејот на град Скопје во понеделник 2-ри Ноември 2015 година во 20часот ќе се отвори изложба , Интернационална Кичевска ликовна колонија .
Интернационалната Кичевска колонија /ИКЛК (НВО.форм.1993год) е добро етаблиран организиран настан на културна размена и уметничко творење кој се одржува во континуитет од 1994 год па се до денес. Оваа година се оддржа 22та по ред ликовна колонија.
За потребите на колонијата е изграден објект “ Куќа на уметноста “во близина на с.Кнежино на 6 км од Кичево . Лоцирана на атрактивна и испирирачка локација . “Куќата не уметноста “ вообичаено прифаќа по 30тина уметници секоја година од земји ширум светот.
Оваа година колонијата се отвори на 4ти Јули и траеше до 18ти Јули со присуство на уметници од Казахистан, Турција , Малезија , С.Кипар, Бугарија , Србија ,Албанија , Црна Гора, Косово и Македонија . Делата на учесниците од оваа година ке бидат презентирани на 2 ноември 2015год понеделник во 20 00 часот во Музеј на град Скопје.
Интернационалната Кичевска ликовна колонија поседува богата колекција од над 2000 ликовни дела ,слики и скулптури од познати автори од целиот свет и од земјава, кои се добиени како резултат на долгиот период на успешно работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.