Муслиманите да се обединат во заеднички фронт против активностите на Западот и Русија на Блискиот Исток, повика лидерот на „Ал Каеда“, Ајман ал Заухири, пренесе Интерфакс.
Водачот на светската терористичка мрежа на еден од сајтовите поврзан со радикалната муслиманска групна, има објавено обраќање кон муслиманите. Тој ги повикува исламистите да заборават на противречностите меѓу себе и да се фокусираат на борбата против Западот и Русија. Заухири исто упати апел кон групите кои се борат против сирискиот претседател Башар ал Асад, да не насочуваат оружје кон единиците на „Исламска држава“ (ИД).
ИД која зазеде делови од Ирак и Сирија, во 2014 година објави калифат. „Ал Каеда“, сепак не го признава владеењето на ИД во верските и светските дела.
Американскиот претседател Барак Обама на 27 октомври изјави за подготвеност да испрати војници во Сирија. Рускиот претседател Владимир Путин, откако доби одобрение од парламентот во Москва, на 30 септември 2015 година удри по позиции на џихадисти во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.