Луис Хамилтон со Мерцедес и Себастијан Фетел со болидот на Ферари водат битка и се главни фаворити за шампионската титула во Формула 1. По три години борба со клупскиот колега, британскиот пилот изјави дека е среќен за новата ситуација на патеките.
– Моменталната борба со Фетел ми е една од најдрагите, ако не и најдрагата во кариерата. Навистина не се сеќавам добро на сите мои дуели во Формула 1, но секако знам дека се наоѓам во подобра ситуација од минатата година. Уживање е за мене да се борам со пилот од друга екипа, а тоа воедно значи дека нема тензии во тимот на Мерцедес. Никогаш не сум среќен кога ќе завршам на второто место, но во дуелите со Себастијан знам дека причината е фантастичен возач – изјави Британецот.
На последната трка за ГН на Шпанија, Хамилтон излезе како победник во директниот дуел со германскиот пилот во Ферари, најмногу по заслуга на одличната тактика на Мерцедес, но и умешноста на Британецот во меѓусебниот дуел на патеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.