Градинка во Мaкедонија, во скопски Чаир, повеќе личи на верско училиуште, на медреса, отколку на установа за едукација и згрижување на деца.
Во детската градинка „Пчела“ како што покажуваат фотографиите и видеата објавени на Фејсбук, децата на многу мала возраст активно ги учат на исламот, а ниту Мила Царовска ниту Оливер Спасовски се уште не одоговараат, како ресорни министри за труд и социјална политика и за внатрешни работи.
Една фотографија го покажува времето кога децата се учат да се молат. Околу 20 дечиња, повеќето девојчиња кои се забулени со шамии, според исламските верски правила.
Во меѓувреме, на видеото се гледаат децата кои одат околу импровизиран објект кој изгледа како градбата на Каба во Мека, Саудиска Арабија, земја каде што исламските верници ја исполнуваат обврската аџилак. Каба се смета за најсветиот објект за исламските верници, пренесува косовскиот весник “Газета Метро“.
Многу луѓе се шокирани и го изразуваат незадоволство за ова однесување на градинките, велејќи дека тие треба да се едуцираат и да ги добијат основните знаења од науката, а не да се учат религиските обреди.
Иако меѓу децата, според фотографиите, повеќето се Албанчиња во облека со национални албански симболи, незадоволно реагираат и родители на децата од оваа градинка.
Откако веста се прошири по медиумите, детската градинка „Пчела“ во Скопје, Македонија, која покрај верските обреди ги учи децата и да се молат, ги избриша сите слики и видеа и исто така ја затвори и официјалната страна на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.