| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо добива уште една, последна шанса од Абрамович?!

Португалскиот тренер на клупата на Челси, Жозе Мурињо ќе добие уште една шанса од сопственикот Роман Абрамович да го врати тимот на победничките патеки по катастрофалниот почеток на сезоната. Актуелнуиот шампион на Англија се наоѓа на очајното 15.место на табелата со само 11 освоени бодови, дури 14 помалку од водечкиот двоец Манчестер Сити и Арсенал.
Сепак Абрамович решил да го остави на клупата Мурињо и во следните два натпревара, против Динамо Киев во рамките од Лигата на шампионите на „Стенфорд Бриџ“ и следниот викенд на гостувањето кај Стоук. Сопственикот Роман Абрамович наводно одлучил да му ја даде уште оваа последна можност на Португалецот да ја сврти работата во позитивна насока и да го повлече тимот кон еден многу поуспешен период од сезоната. Во спротивно, во паузата за репрезентативни настапи, ќе следи и промена на менаџерската позиција.
Не е само големата отштета во прашање која треба да ја добие Мурињо доколку му биде врачен предвремен отказ. Желбите за Абрамович за нов тренер во моментов се Карло Анчелоти и Гус Хидинк. Сепак Анчелоти сака перманентен повеќе годишен договор, а не да биде само преодно решение до крајот на сезоната, а Гус Хидинк кој е слободен и прифаќа било каков ангажман, дури и парцијален, сепак, не се покажа како најдобро решение за холандската фудбалска репрезентација, каде доживеа неуспех и си замина, а „лалињата“ не се пласираа на ЕП 2016.

Оттаму, јасно е дека Мурињо добива уште една шанса, но прашање е дали ќе ја искористи, со оглед дека се погласно се зборува како фудбалерите веќе немаат верба во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top